
Дури 4500 години пред Христос, старите Египќани ги користеле етеричните масла во лекување на болестите.
Науката го потврдила она што луѓето одамна го знаеле, мирисите може да ја подобрат општата здравствена состојба на човекот. Само со вдишување на природното ароматично масло и човекот ќе се ослободи од стресот, негативните емоции, стравот, лутината, тагата, депресијата, па дури и болката. Штом ги отфрлите ваквите негативни емоции, несомнено ќе се подобри и расположението и функцијата на целиот организам.
ЗА ВЕШТИНАТА НАРЕЧЕНА АРОМАТЕРАПИЈА...
Ароматерапија - древна вештина на примена на етерични масла на различни начини за релаксација, превенција и лекување. Датира од најстарите цивилизации. Дури 4500 години пред Христос, старите Египќани ги користеле во лекување на широк спектар на болести.
Етерични масла - се добиваат со дестилација. Од растението се одзема душата и мирисот. За добивање на неколку капки етерично масло, потребна е голема количина на ливчиња, гранчиња, корен, смола од конкретното растение. Но, тие неколку капки се јаки концентрати и не смеат да се користат се додека не се разблажат со неутрални масла како бадемовото, сончогледовото, маслиновото... тоа е исто како од парфем да правите тоалетна вода. Доколку етеричните масла се користат во основната форма, постои ризик од изгореници, алергиски реакции, мачнина, вртоглавица, па дури и труење. Не постои етерично масло што делува само на една болест или на еден тип на болка.
ПРАВИЛНА УПОТРЕБА НА АРОМАТЕРАПИЈАТА...

Масажата со ароматерапија овозможува физичка и психичка хармонија во организмот.
Етеричните масла се внесуваат во организмот на два начина: со вдишување и преку кожата. Маслото нема да има ефект доколку пациентот не ужива во неговиот мирис. Што значи ако не поднесувате мирис на лаванда, не можете да очекувате таа да ви помогне. Добро е тоа што постојат масла што исто дејствуваат, па така лесно може да дојдете до посакуваниот мирис.
Етеричното масло можете да го купите готово, но можете и сами да го подготвите. Најпрво треба да откриете кои масла се наменети за вашиот проблем, а пото можете сами да ја направите мирисната комбинација.
Во едно шишенце, со пипета ќе капнете по 10 капки од секое масло, обично не треба да се мешаат повеќе од 5 различни масла, и тие капки ќе ги помешате со основата што најмногу ви одговара. Ако имате нормална или сува кожа, послужете се со маслиновото масло како подлога, а оние со масна кожа може да земат сончогледово масло. Ваквата смеса ќе ве служи навистина долг период бидејќи при еден третман не смеете да користите повеќе од 10 капки, во спротивно ќе добиете главоболка.
МЕТОДИ НА АРОМАТЕРАПИЈАТА...
Ароматична купка - наменета за болки во зглобови, замор, несоница, стрес, депресија... Наполнете си ја кадата со вода и внатре капнете 10-тина капки од етеричното масло. Освен преку кожата, полезното дејство на маслото ќе го осетите и преку респираторниот систем. Ако сте во брзање и имате во план брз туш, на сунѓерот капнете неколку капки и тријте ги на кожата (не мора да користите сапуни).
Ароматични облоги - газата натопете ја со ладна (за отоци) или топла вода (за болки во мускулите и коските) во која претходно ќе капнете 10 капки од маслото. Бидете трпеливи и оставете ги облогите да делуваат барем 1 час.
Ароматични инхалации - се применуваат во лекувањето на повеќе болести, а најмногу за подобрување на расположението. Доволно е само да го отворите шишето и да вдишете од мирисот, или пак да го ставите во распрскувач со вода и да ја освежите просторијата. Ароматичните масла се користат на ист принцип како кога правите инхалација со пареа од камилица.
Ароматична масажа - масажата е можеби најефикасниот начин за искористување на полезното дејство на етеричните масла. При масажата доаѓа до делумно продирање на маслото во крвотокот, а со тоа и до побрзо дејство врз болните точки.
Слични текстови
- 05/03/2010 - Живот осуден на мултиплекс склероза
- 01/03/2010 - Март – месец на алергии
- 20/02/2010 - 3 причини за надуеност
- 13/02/2010 - 5 причини за лош здив
- 12/02/2010 - 11 симптоми за срцев удар
- 05/02/2010 - 11 факти за кивањето
- 30/01/2010 - Дијабетес - тип 2
- 28/01/2010 - Вечерни правила за убав сон!
- 26/01/2010 - Како да му помогнете на болниот?
- 20/01/2010 - 7 извори на алергија во домот

























