jabolka_na_kaucМаска од мед и јаболка
Која е делотворноста на маската направена од мед и јаболка?
esenski1Топ 5 есенски трендови – 1 дел
Дочекајте го ладното време со стил! Есенски цветови, леопардов дизајн или кожа?
na_cesma1. дел Дефиниција на Т–зона
4 правила за контролирање на мрснотијата.
hranata_spas_za_akniteИсхраната е спас за акните
Mоже да предизвика, но исхраната може и да ги редуцира акните од лицето.

И вагината има проблеми

i_vaginata_ima_problemi

Лабиопластиката е хируршка постапка со која се менува изгледот на вагината

Што не е во ред со вашата вагина? Ако вашиот одговор е: „се е во ред со мојата вагина", најверојатно не сте во право бидејќи од индустријата за убавина сметаат дека вагините се грди и со лош мирис, но исто така подвлекуваат и дека не треба да се грижите за тоа, бидејќи ако имате пари можете сите проблеми со вашата вагина да ги решите. Еве некои од проблемите на вагината со кои се соочуваат жените:

ПРОБЛЕМ: Вагината има лош мирис

РЕШЕНИЕ: Вагинални дезодоранси

За жените кои не се задоволни со мирисот на своите гениталии, некои козметички куќи се погрижиле да направат и да понудат дезодоранси за вагина, благодарејќи на кои жените можат да уживаат во тоа што се жени.

ПРОБЛЕМ: Вагината е нечиста

РЕШЕНИЕ: Испирање

Испирањето на вагината е постапка која се прави така што со специјален пластичен шприц се вбризгува раствор кој овозможува да се испере исцедокот, спермата, остатоците од менструалната крв, да го спречи лошиот мирис од интимните делови и слично.

ШИРОКА ВАГИНА
Без оглед колку често имате секс, вагината нема да се зголеми. На жалост, тоа не важи и за породувањето, така што колку повеќе деца ќе има жената, толку се поголеми шансите вагината да се зголеми.

ПРОБЛЕМ: Вагината е грда

РЕШЕНИЕ: Лабиопластика

Лабиопластиката е хируршка постапка со која се менува изгледот на вагината. На некои жени не им се допаѓаат срамните усни, на некои им се мале, на други им се големи...добрата вест е што и за тоа има решение.

ПРОБЛЕМ: Вагината има лош вкус

РЕШЕНИЕ: Вагинален минт

Како што постојат бонбони за освежување на здивот, така постои и нешто слично за вагина. Овој вагинален минт е направен со цел жената да се чувствува удобно за време на оралниот секс, а и нејзиниот партнер максимално да ужива во тоа.

ПРОБЛЕМ: Вагината има лоша боја

РЕШЕНИЕ: Белеење на вагината

Сите оние жени кои сметаат дека кожата околу срамните усни и околу влезот на вагината им е премногу темна, нека не се разочаруваат. Тоа може да се среди благодарејќи на методот за белеење на кожата.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Посегнете по скриените финансиски резерви и реализирајте си ја желбата која ви се врти низ глава во последно време. Ова е ден за задоволства и уживање!

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Некој друг ќе ви пресуди денес без да имате право на глас. Не предавајте се веднаш, побарајте помош од пријател кој ќе ви обезбеди територија за делување.

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Некој важен настан треба да се случи денес. Облечете го најубавиот фустан и подгответе се за свеченоста, некој важен од минатото може да биде таму.  

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Искрено кажете се што мислите, не можете постојано другите да ги ставате пред себе и да чувствувате кнедла во грлото. Бидете отворени и искрени, дури тоа да значи и суровост!

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Потребен ви е вистински скок за да излезете од денешната замрсена ситуација. Соберете енергија за да можете да се справите, ако не почекајте до утре.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес сте во центарот на љубовните случувања, неколку мажи се многу заинтересирани за вас или пак вашиот партнер ве опсипува со внимание и романтика. Уживајте!

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Вратете се во колосек преку средување на вашиот роковник. Прецртајте ги неважните обврски и направете си слободно време за себе.

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Се се врти околу вашите ненаситни желби денес. Вршите притисок врз семејството, врз партнерот, врз пријателките, време е да го смирите темпераментот малку!

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Денес заведувајте на секој можен начин, ова е денот кога имате прилика за флерт кој може да прерасне и во нешто повеќе од тоа. Дали сте подготвени за врска?

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Кога престанавте да се трудите околу работите кои ви се важни? Време е да се сконцентрирате повторно на целите!

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Полека закрепнувате од неодамнешната емоционална повреда и одново тргнувате во поход. Сега со научена лекција, работите ќе бидат полесни.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Исполнети сте со позитивни мисли, браво! Сега уште да ги споделите со луѓето и ќе бидете најдоброто што им се случило во псоледно време.

20-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

За да те сакаат мажите најважно е да си...
 
baner-28-1d