ivana4 задолжителни производи за оваа есен
Што треба да сторите за да мирисате како Reese Witherspoon или Courtney Cox?
race_vo_kosiОсновни правила за негување на мрсната коса
Повеќето девојки имаат погрешен пристап во третирањето на овој тип на коса.
ofis1Канцелариска мода
Според едно испитување, утврдено е и дека само 1 од 3 луѓе носи формална облека на работа.
tasnakozaКожени парчиња со егзотични мотиви
Трендот за престојните есен-зима како следен ултра модерен бум ја диктира меката кожа со принт на змија или крокодил. 

Резиме на Модна недела во Њујорк

Денес официјално е крајот на најголемото модно случување во Њујорк. Станува збор за Њујоршката модна недела на која со свои креации се претставија дел од врвните светски дизајнери. Додека целиот свет веќе се загрева за модната недела во Лондон, вие запознајте се со модата за есен/зима 2010-2011, што ја наметнаа следните дизајнери:

РЕВИЈАТА НА VICTORIA BECKHAM

За разлика од Diane von Furstenberg и Max Azria чии ревии може да се видат на пистите на модната недела во Њујорк, Victoria Beckham своите креации за есен/зима 2010-2011 ги презентираше пред избрана елита и тоа за Денот на вљубените. За нејзината четврта колекција инспирација беа 40-тите години на минатиот век, а се очекува многу од фустаните да се најдат на црвениот тепих на претстојното доделување на Оскарите. Моделите ги носеа и очилата за сонце од нејзината колекција и ненормално високите потпетици. Со еден збор беа нејзина копија - преслаби и високи.

РЕВИЈАТА НА DIANE VON FURSTENBERG

Diane von Furstenberg се претстави со колекција во која преовладуваше сива боја и куси здолништа со малку шаренило и монистри. Дизајнерката успеа да направи модерен спој на женственоста и мажественоста во две парчиња облека, правејќи неповторлива комбинација.

РЕВИЈАТА НА MAX AZRIA

За темна боја се одлучи и Max Azria. Во својата колекција Herve Leger за есен/зима 2010-2011, предложи куси и припиени фустанчиња со високи потпетици. Она што ви треба за ова колекција е многу самодоверба и топ линија.

РЕВИЈАТА НА JASON WU

Младиот дизајнер Jason Wu сигурно и овој пат ќе ја остави без здив првата дама на Америка, Michelle Obama. Тој е нејзиниот омилен дизајнер, а се очекува и новата колекција да заврши во нејзиниот плакар. Романтични креации, со рачно изработени златни дезени и детали од пердуви - инспирација од фотографиите на Irving Penn од 1940 година.

РЕВИЈАТА НА ZAC POSEN

На модната недела во Њујорк, својата колекција за есен/зима 2010-2011, Zac Posen ја презентираше со помош на добитничката на Греми, виолинистката Miri Ben-Ari. Неговите модели, меѓу кои и Sessilee, Diane, Coco, Alek Wek... се шетаа по пистата изработена од дрво. Креаторот изненади со својата едноставна и применлива колекција, иако е познат по своите гламурозни креации за на црвен тепих.

РЕВИЈАТА НА MARC JACOBS

Гостите на ревиите на Marc Jacobs не знаеја што ќе излезе на пистата во форма на голема картонска кутија. Но сепак излезе дизајнерот и неговите модели, додека во позадина се слушаше синглот на Juliette Greco - „Over The Rainbow".

ДИЗАЈНЕРОТ ЗА ПЕСНАТА OVER THE RAINBOW...
Ја обожавам таа песна и отсекогаш сум сакал да ја искористам за отворањето на некоја ревија, изјави Marc Jacobs.

Колекцијата беше означена како совршена. Преовладуваа капути, кошули со фалти, куси здолништа, party фустани изработени од шифон, а доминантни беа сивата, црната и беж боја.

РЕВИЈАТА НА MONIQUE LHUILLIER

Од нејзината визија за модата за претстојната сезона, сите останаа со подотворена уста. Во модните критики се вели дека жените буквално ќе се тепаат за да стасаат до нејзините фустани.

РЕВИЈАТА НА DONNA KARAN

Dona Karan дефинитивно може да се пофали со својата 25 годишна успешна работа. Потврда за тоа беа и првите редови исполнети со многу ѕвезди, меѓу кои: Annom Wintour, Susan Sarandon, Demi Moore, Brooke Shields и многу други. И овој пат дизајнерката се претстави со својата урбана и софистицирана жена, овој пат облечена во темни бои со примеси на петролеум сина и фикус зелена боја.

РЕВИЈАТА НА CAROLINA HERRERA

Креаторката и овој пат донесе вистински луксуз на модните писти во Њујорк. Се претстави со колекција во која доминираше крзното, антилопот и шапките.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Посегнете по скриените финансиски резерви и реализирајте си ја желбата која ви се врти низ глава во последно време. Ова е ден за задоволства и уживање!

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Некој друг ќе ви пресуди денес без да имате право на глас. Не предавајте се веднаш, побарајте помош од пријател кој ќе ви обезбеди територија за делување.

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Некој важен настан треба да се случи денес. Облечете го најубавиот фустан и подгответе се за свеченоста, некој важен од минатото може да биде таму.  

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Искрено кажете се што мислите, не можете постојано другите да ги ставате пред себе и да чувствувате кнедла во грлото. Бидете отворени и искрени, дури тоа да значи и суровост!

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Потребен ви е вистински скок за да излезете од денешната замрсена ситуација. Соберете енергија за да можете да се справите, ако не почекајте до утре.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес сте во центарот на љубовните случувања, неколку мажи се многу заинтересирани за вас или пак вашиот партнер ве опсипува со внимание и романтика. Уживајте!

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Вратете се во колосек преку средување на вашиот роковник. Прецртајте ги неважните обврски и направете си слободно време за себе.

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Се се врти околу вашите ненаситни желби денес. Вршите притисок врз семејството, врз партнерот, врз пријателките, време е да го смирите темпераментот малку!

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Денес заведувајте на секој можен начин, ова е денот кога имате прилика за флерт кој може да прерасне и во нешто повеќе од тоа. Дали сте подготвени за врска?

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Кога престанавте да се трудите околу работите кои ви се важни? Време е да се сконцентрирате повторно на целите!

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Полека закрепнувате од неодамнешната емоционална повреда и одново тргнувате во поход. Сега со научена лекција, работите ќе бидат полесни.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Исполнети сте со позитивни мисли, браво! Сега уште да ги споделите со луѓето и ќе бидете најдоброто што им се случило во псоледно време.

20-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

За да те сакаат мажите најважно е да си...
 
baner-28-1d