
Просечната големина на пенис за време на ерекција е од 13-17 сантиметри, а кога не е во ерекција од 7,5-10 сантиметри.
Многу работи влијаат врз тоа како ќе изгледа една врска. Покрај љубовта, секако дека и сексот игра голема улога. Понекогаш сите работи кои се поврзани со сексот не тераат да се запрашаме дали сме му привлечни, дали не сака, дали сака да биде со нас... Ова се неколку факти кои секоја жена треба да ги знае за „најверниот" пријател на мажите.
ГОЛЕМИНАТА НЕ Е ВАЖНА
Жените доживуваат оргазам со стимулација на клиторисот, па така, многу е поважно движењето на мажот за време на сексот отколку неговата големина. Просечната големина на пенис за време на ерекција е од 13-17 сантиметри, а кога не е во ерекција од 7,5-10 сантиметри.
ВНИМАТЕЛНО ДОПИРАЈТЕ
Пенисот нема коски, но доколку наеднаш се стисне или свитка, кожата може да се распука, а тоа да биде премногу болно за машкото.
УТРИНСКА ЕРЕКЦИЈА
Утринската ерекција е последица од влажните сништа. Машките во текот на ноќта имаат 3 до 5 ерекции, а ние ја гледаме само онаа утринската затоа што тогаш се будиме покрај нив.
КРШЛИВИ ТЕСТИСИ
За време на ерекцијата, тестисите се прошируваат за 25-50%. Со апстиненција од секс, крвта се насобира во тестисите, па затоа мажите можат да почувствуваат слаба болка.
ПРЕРАНА ЕЈАКУЛАЦИЈА
Околу 30% од мажите прерано ејакулираат. Секако тоа не значи дека вие не смеете да уживате во сексот со партнерот. Со такви мажи треба да се применува „топло - ладно" играта. Кога е премногу возбуден, оладете го малку па потоа повторно продолжете со играта.
Слични текстови
- 17/07/2010 - 9 работи што треба да ги знаете за мажите
- 16/07/2010 - Зошто мажите не ејакулираат?
- 14/07/2010 - Потези што мажите ги сакаат
- 09/07/2010 - Лош е во кревет?!
- 07/07/2010 - 10 факти поврзани со сексот
- 06/07/2010 - 4 типови на жени што мажите ги избегнуваат
- 16/06/2010 - Мал или голем пенис?
- 15/06/2010 - Што прави кога е нервозен?
- 09/06/2010 - 10 женски дилеми
- 04/06/2010 - Зошто престана да ми се јавува?

























