21ljuboviseks

Емоционално неверство

emocionalno_neverstvo

Нема причина да не се дружите со колегите од работа, се додека јасно поставите граница...

Вашето слободно време го поминувате зборувајќи со пријателите од спротивниот пол, на работа флертувате со колегите, не сакате да се откажете од излегувањето со пријателите од факултет особено кога ќе се сетите дека колегата се уште има чувства за вас...дали ваквите постапки ве прават неверна девојка или сопруга?

И што ако зборувате со машките пријатели на чет??? Забавно ви е, разговорот потполно ве расположува и нема место за паника се додека облеката е на вас. Доколку се согласувате со ова, тогаш заборавете на правото да прашувате за туѓите СМС пораки (паaa, што ако и пишал дека ја посакува, ништо не се важи се додека не ја легне).

Здравата врска, а особено успешниот брак зависи од вашиот однос кон другите мажи, истото важи и за нив. Мора да поставите граница во начинот на комуникација со колегите и пријателите ако сакате да го задржите статусот зафатена девојка или омажена жена.

Никој не би сакал да дојде дома и на компјутер да начека отворен Facebook профил и муабет од типот: „А, каква предигра сакаш"?

КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДИСТАНЦА СО ОСТАНАТИОТ МАШКИ СВЕТ?

Не мешајте работа и задоволство - нема причина да не се дружите со колегите од работа, се додека јасно поставите граница дека не може некој туку така да дојде да ве прегрне или да ви постави интимно прашање. Приватните разговори нека бидат куси без разоткривање многу детали.

Работните средби не селете ги кај него дома - гледајте состаноците да ги одржувате во канцеларија или во ресторан. Ако неколку пати кажете дека ќе одите кај него дома да работите, а тој е сингл, несомнено ќе оставите простор за сомнеж. Ако сепак неговиот дом најмногу ви одговара за работа, тогаш колегата задолжително запознајте го со партнерот, така ќе ги избркате неговите сомнежи.

Излегувајте во групи - доколку добиете повик за кафе од колегата, кој долго време беше затрескан во вас, прифатете ја, но гледајте да биде преку ден. Можете да се јавите и на уште неколку други луѓе што биле дел од вашето друштво и да организирате групна средба. Вака ги намалувате шансите за создавање интимност.

Не се опивајте во машко друштво - на свечените средби со колегите или пријателите, бидете претпазливи со алкохолот. Неколку чаши вино се доволни за да ви го поматат умот и да го влошат вашето рационално расудување. Тогаш се ќе ви се чини возможно, неправилните потези одеднаш ќе станат привлечни. Уште ако и вие потајно криете некое жарче чувство, тогаш шансите за грешка се уште поголеми.

Бидете искрени пред себе - и се започнува со самозалажувањето... се уверувате себе се дека тоа е само невин флерт, за на крај да станете очајна за моментите со него. Партнерот одеднаш ќе почнува да добива се повеќе маани, а решението ќе го гледате во човекот што ве смее во текот на работното време. Ќе си направите голема услуга, ако седнете и размислите колку навистина разговорите на Facebook не може да направат штета.

(0)

КОМЕНТАР

намали | зголеми

Коментирај на овие и слични теми на notformen форумот за девојки

busy

Слични текстови
Претходни текстови од категоријата

 
Банер
News image

Немирна пеперуга. За правилно да полетате мора правилно да се наместите. Прво, најдете место каде што ќе можете да легнете а, ... Повеќе

Facebook Fanbox 1.5.x.0
Forum-naslovna-najava-mala_03
b
Неделен хороскоп (26.07-01.08)
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
Галерија: Malandrino + FFAWN
Галерија: Malandrino + FFAWN
Колку редовно имате секс?
 

3600